Јовановски: Бугарите ќе ја ораат, сеат, жнеат македонската земја, која и така е во најава за продажба
Зошто да купуваме вакцини и да го имунизираме населението од ковид 19? Бугарите ќе ни дадат. А тоа што, после тоа 100 години ќе не потсетуваат на таа ‘татковска’ милостина не е важно, важно е тие да си го имунизираат ‘бугарското’ население, надвор од границите на ЕУ, напиша на Фејсбук актерот Владо Јовановски кој беше обвинет за тероризам за настаните на „27. април“.
„По таа логика, зошто да ја обработуваме Македонската земја, која и така е во најава за продажба (зборувам за земјоделското земјиште).?
Бугарите ќе ја ораат, Бугарите ќе ја сеат, Бугарите ќе ја жнеат, Бугарите ќе мелат и ќе печат...
А пак нам што ни е гајле, важно е Бугарите леб да ни дадат, па што ако ни го спомнуваат тоа и на овој и на ОНој свет!
п.с.
Македонското земјоделско земјиште ќе се продава посебно или ќе оди топтан со водите, браните, изворите и воздухот?
Не заради друго, прашувам затоа што воздухот е премногу загаден и да не изгубиме на цена заради тој еден елемент.?
„ОД ГЛАВАТА СИ ПАТИМЕ“, напиша Јовановски.
Ново на Сител
-

Андоновска: СДС да се дистанцирта од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
