Јосиф е пронајден, мајка му вели дека бил заведен од секта
Пронајден е средношколецот Јосиф по кој се трагаше два дена. Неговата мајка, која и натаму е потресена од тоа што ѝ се случи, сподели за „А1он“ дека полицијата успеала да го лоцира. Според неа, тој бил заведен од секта од страна на лице кое се претставувало како бездомник.
„Него го најде полицијата. Ангажиравме многу луѓе, го пријавивме во полиција, ангажиравме едно чудо луѓе. Го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца кои ни помогнаа. Тие се веќе полнолетни, со 18 години, моравме сè тоа да земеме предвид. Треба да одиме во полициска станица, каде што треба да се даде извештај“, вели мајката на Јосиф, за „А1он“.
Кога бил пронајден, според информации на семејството, Јосиф бил многу збунет. Седиштето на местото каде што се правеле овие активности било меѓу Центар и Карпош 4.
Мајката на Јосиф упати порака и апел до другите родители да бидат многу внимателни со своите деца.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра