Јорданов: „Има таков народ“ нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство
Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ во бугарското Народно собрание Тошко Јорданов за Бугарското национално радио – БНР, коментира дека неговата партија нема да дозволи тргање на ветото за Северна Македонија до крајот на француското претседателство со Европската унија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој бил на средби со европратеници и еврокомесари и коалициски совети и имал директни впечатоци за тоа што се разговарало на нив и кој рекол, дека сака да се случи до крајот на јуни.
Според него, за Северна Македонија нештата во коалицискиот договор се јасни и „Има таков народ“ секогаш го почитувале овој договор и секогаш го одржувале зборот.
Рано е, како што рече тој, да се кажи дали владејачката коалиција ќе издржи до крајот на годинава… Тој беше категоричен дека министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, која е од ИТН, ја следи официјалната политика, за разлика од премиерот Кирил Петков, кој се обидува да протурка поинаква политика на оваа тема.
Дописникот на МИА од Софија додава дека „Има таков народ“ на ТВ водителот Слави Трифонов последните денови ја напаѓа најголемата партија во владејачката коалиција „Продолжуваме со промената“ откако нивниот кандидат за гувернер на Бугарската народна банка не беше избран и сака да се преиспитаат некои од клаузулите од коалицискиот договор. Нивниот кандидат, Љубомир Каримански, не ја доби поддршката од ниту една од другите три преостанати партии во коалицијата.
Ново на Сител
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче