Јеменските бунтовнички Хути обвинети за блокирање на помошта за луѓето во Таиз
Припадниците на бунтовничкте Хути во Јемен и нивните сојузници, ја блокираат помошта на меѓународната заедница за луѓето во, третиот по големина град во земјата, Таиз-изјави потсекретарот за хуманитарни прашања при ОН, Стивен О’ Брајен кој раководи со дистрибуција на помошта.
Тој ги обвини Хутите дека со попречувањето на помошта, предизвикуваат повеќе од 200 илјади цивили, да живеат во „виртуелна состојба на опсада“.
Бунтовничките Хути ги запираат товарните возила кои се движат кон Таиз, дозволувајќи во градот да се внесат само ограничени количества од помошта.
Владините сили на Јемен, помогнати од авијацијата на меѓународната коалиција на сиунитски држави, предводена од Саудиска Арабија, од септември водат тешки борби со здржените сили на бунтивниците, за контролата врз овој град, за кого сведоци изјавуваат дека е безмалку целосно разурнат.
Таиз се наоѓа 200 километри јужно од главниот град Сана, што е под контрола на Хутите.
Околу шест илјади лица, половината од нив цивили, загинаа досега во борбите, по ескалацијата на конфликтот во Јемен, во март оваа година, кога во судирањата меѓу Хутите и владинте трупи, се вклучи и Саудиска Арабија, во обид да не се дозволи победа на шиитските бунтовници и ставање на Јемен под иранско влијание.
Сунитската коалиција беше создадена откако Хутите ја освоија Сана и го натераа претседателот Абдрабух Мансур Хади, да побегне од главниот град.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ