Јапонија нема лесно да се откаже од рускиот гас

Јапонскиот министер за трговија Јоџи Муто изјави дека Токио во однос на увозот на руски енергенси ќе дејствува врз основа на националниот интерес и во координација со меѓународната заедница.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант минатата недела му пренел на јапонскиот министер за финансии Кацунобу Като дека администрацијата на Доналд Трамп очекува Јапонија да престане да увезува руски енергенси.
-Од инвазијата на Украина, Јапонија постојано ја намалува својата зависност од руската енергија, наведе Муто, без да ја коментира изјавата на Бесант.
Тој додаде дека течниот природен гас од Сахалин-2 игра исклучително важна улога во енергетската безбедност на Јапонија, истакнувајќи дека придонесува околу три проценти од вкупното производство на електрична енергија.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
