Јаневска: Квалитетот на образованието во фокусот на Нацрт-стратегијата 2026-2032, од денеска документот е на јавна расправа на ЕНЕР

Нацрт-текстот од Стратегијата за образование 2026 – 2032, кој се подготвуваше во изминатите шест месеци, претпладнево се претставува во Владата на валидациска работилница на која присуствуваат и претставници на институции, домашни и меѓународни партнерски организации. Нацрт-верзијата од денеска ќе биде поставена и на националниот систем на прописи (ЕНЕР) за да може и пошироката јавност да учествува во креирањето и усвојувањето на финалниот стратешки документ со кој ќе продолжи развојот на националниот образовен систем.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на настанот изјави дека новата стратегија за следниот шестгодишен период е „продолжување на она што се случувало до 2025 во образованието“ со фокус, рече, „на она што сметаме дека е од исклулчителна важност за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија на сите нивоа“.
-Почнувајќи од промена на програмите во предучилишна возраст, потоа во инклузиујата во основно и средно образование, оптимизација на училишната мрежа, целодневната настава, воведување формули за финансирање во локалните самоуправи во однос на образованието, нова легислатива во високото образование. Значи, се она што веќе сме го зборувале и треба да биде опфатено, со цел да се подобри квалитетот на образованието, изјави Јаневска.
Покрај неопходната модернизација на наставните програми, воведувањето технологија во образовниот систем, вклучутелно и вештачката интелигенција, како што рече „посветуваме многу внимание на квалитетот на образованието, процесот на поучување и на наставниците како чинители во процесот“.
-И како што и досега кажувавме дека е многу важно – во пониските нивоа - оптимизацијата, финансирањето и едносменската настава, а во високото образование - конечно солидна регулатива која ќе овозможи подобрување на квалитетот и покачување неколку места нагоре на нашите универзитети на Шангајската листа, истакна министерката за образование и наука.
Додаде дека драфт-верзијата на стратегијата е прифатена од поголемата работна група која учествуваше во нејзиното креирање, која вклучува претставници од Светска банка, УНИЦЕФ, УНДП, ГИЗ, Амбасадата на Швајцарија, голем број невладини организации, покрај претставниците од МОН, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар, Центарот за средно стручно образование, Бирото за развој на образованието.
-После оваа дискусија, од денес таа ќе биде поставена на владиниот ЕНЕР за да отвориме широка јавна расправа за целата јавност да биде вклучена во креирање до нејзината последна форма, всушност оние што сакаат и што сметаат дека може да се вклучат во нејзиното креирање до крај, рече Јаневска.
Министерката им се заблагодари на партнерските организации и ја повика целата јавност што е заинтересирана да се вклучи во јавната расправа „со цел стратегијата да биде поквалитетна и со тоа да имаме и поквалитетно образование“.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството
-

Инспекторите на УЈП осомничени дека примале поткуп од сопственикот на кочанската дискотека
-

Стратегијата за образование денеска поставена на ЕНЕР - јавноста може да дава предлози и препораки
-

Отворен ресурсен центар за поддршка и развој на општините
-

Младите сакаат државата да влезе во Европската Унија но се повеќе губат надеж дека тоа ќе се случи наскоро
-

Се реконструира плоштадот Крушевска република
-

Четврти фемицид годинава, аларм за институциите
-

Преглед на вестите од светот
