Јанчев: СДСМ и независниот Сакалиев се здружија за лични интереси
Здружување заради лични интереси, вака денеска ја нарече кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, Митко Јанчев, новата коалиција во Советот помеѓу СДСМ и независниот советник Ристо Сакалиев.
- Мораме да ставиме крај на овие манипулации и гладни луѓе за власт. Ако дозволиме овој состав на Советот заедно со нивен градоначалник да ја добие апсолутната власт, ќе бидеме сведоци на уништување на нашиот град. Нивните лични интереси не смеат да бидат приоритетна работа. Ова е само уште еден поголем адут за вас почитувани граѓани да одберете општина која ќе биде слободна, а не општина за лични интереси, рече Јанчев на денешнат апрес-конференција.
Нагласи дека тој и граѓаните се единствениот спас за Кавадарци.
-Да не го дозволиме овој терор врз Кавадарци. Ви ветувам дека доколку јас бидам градоначалник покрај мнозинскиот совет на чело со Ристо Сакалиев, ќе бидам најголемиот поборник и најголемиот адут за Кавадарци, додаде Јанчев.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми