Јахјага бара од Владата Косово да профати три илјади сириски бегалци
Претседателка Атифете Јахјага побара од косовската влада да прифати сириски бегалци кои се останати по улиците низ ЕУ.
Таа изјави дека бегалците може да се сместат во објектите каде што престојувал КФОР.
Како што пренесува онлајн изданието на весникот „Газета експрес“ Јахјага побарала да бидат прифатени до три илјади бегалци од Сирија.
Околу ова прашање таа претходно разговарала со министерот за труд и социјални работи Арбан Абраши од кого побара да се разгледаат сите можности и капацитети дали Косово може да се солидаризира и да згрижи бегалци од Сирија.
Како што понатаму наведува весникот најмногу бегалци има во Германија, Унгарија, Македонија, Србија, Грција и Турција.
Синоќа во центарот на Приштина граѓани палеа свеќи во знак на почит за удавениот тригодешен Ајлин Курди и неговото братче, чии потресни фотографии го обиколија светот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко