Извлечени две лица што со автомобил заглавиле во надојдената вода на Пчиња

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане извлекле автомобил во кој се наоѓале две лица кои утрово се заглавиле во надојдената вода на реката Пчиња кај селото Стрновец во Општина Старо Нагоричане.
„Денеска во 07:35 часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац во Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, интервениравме со едно возило и двајца пожарникари“, пишува во соопштението на ТППЕ Старо Нагоричане.
Оттаму апелираат до граѓаните на Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на реката Пчиња во општината.
„Доколку здогледате лице во опасност од временските услови, јавете се на телефонските броеви 031495666 или на 112 и 193“, пишуваат од единицата.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
