Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на одмазда

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на одмазда откако беа истрелани ракети нејзината територија кон Израел.
„Шест ракети беа испукани од Либан кон северен Израел и сите паднаа на територијата на Либан. Како одговор, нашите артилериски сили стрелаа кон цели лансирани од ракети“, соопшти израелската армија.
Експлозиите се слушнаа околу кибуц Мисгав Ам во северен Израел, непосредно пред израелската армија да соопшти дека одговорила со артилериски оган.
На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го прикажува израелскиот одговор.
Нејасно е точно колку ракети биле истрелани од територијата на Либан, бидејќи израелската армија соопшти дека станува збор за шест ракети, додека либански безбедносни извори посочуваат дека во прашање се три ракети.
Според либански воен извор, израелската армија истрелала 22 гранати. Нема извештаи за жртви или штети од двете страни.
Мировната мисија на ООН во Либан, УНИФИЛ соопшти дека испалувањето ракети било забележано од областа Рашаја ал-Фукар, село близу границата, и дека Израел возвратил на огнот.
Размената на огнот следеше за време на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, кој трае со денови и во кој загинаа повеќе од 200 лица, а околу 1.500 беа повредени.
Израелската армија соопшти дека ноќеска уништила 15 километри од тунелот во Газа што го користел Хамас и дека од Појасот Газа биле истрелани 90 ракети кон израелските градови.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
