Свет
22. August 2016 - 9:50

Израел повика на решителна броба со тероризмот по атентатот во Газиантеп

Израел денеска ја повика меѓународната зеедница на решително дејствување во борбата против тероризмот по терористичкиот акт во јужниот турски град Газиантепе.

„За победата над теророт меѓународната заедница треба да се обедини и да дејствува решително, со полна сила“, се посочува во соопштението лиферувано од прес службата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во документот се забележува дека „Израел изразува жалење до семејствата на убиените во Газиантепе“.

Во овој јужен турски град во саботата, за време на свадба, одекна експлозија. Во атентатот загинаа 51 лице, а околу 70 беа ранети.