Преглед на вестите од светот
Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во сообраќајка што се случи ноќеска во Хрватска помеѓу автобус и автомобил од Босна и Херцеговина. Причина за несреќата била срна на автопатот.
Сообраќајката се случила утрото во три часот на автопатот А3 на околу 80 километри од Загреб. До несреќата дошло откако автобусот удрил во автомобил кој застанал на патот по удар во срна.
Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско интервју изјави дека помирување меѓу Русија и Украина е неизбежно и како што вели, тоа е само прашање на време. Не очекува дека ќе има потреба од употреба на нукеларно оружје.
Подготвеност за прекин на огнот изразува и украинскиот претседател Володимр Зеленски, но како што вели, очекува Русија да прифати целосно примирје од 30 дена, време во кое ќе се бара решение за крај на војната.
Во меѓувреме, синоќа Русија жестоко го нападна украинскиот град Харков при што повредени биле околу 50 лица.
Балистичка ракета падна во близина на аеродромот во Тел Авив. Одговорноста за нападот ја преземаа јеменските бунтовници Хути. Падот на ракетата направи облак од чад на аеродромот и предизвика паника кај патниците. Во инцидентот ранети се најмалку шест лица, пренесуваат израелските медиуми. Засега сите биле во добра состојба. Хутите неодамна ги интензивираа лансирањата на ракети кон Израел, велејќи дека дејствуваат во солидарност со Палестинците во Газа.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар