Македонија
12. February 2016 - 9:00

Изминатите 24 часа осум сообраќајки во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје изврши увид на осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета, а три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење. Санкционирани се и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај.  Петнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 13 возачи кои за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, со учениците од четврто одделение.

Со почеток во 11 часот и 45 минути денеска поранешните вработени на „Алумина“ ќе одржат мирен протест на булеварот „Илинден“, пред зградата на Владата. В сабота со почеток во 21 часот во спортската арена „Борис Трајковски“ концерт ќе има естрадниот уметник Жељко Самарџиќ. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.