Изложба од концерти и албуми на Влатко Стефановски
Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Патешествие“ на промотивни постери и плакати од концерти и изданија на Влатко Стефановски, која е вовед во петтиот фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува во Кинотеката од утре до 7 септември.
Материјалот што ќе биде претставен на изложбата е од личната колекција и архива на нашиот познат гитарист и го прикажува неговото патешествие преку бројните солистички концерти и проекти – од почетоците со „Леб и сол” до денес.
Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус низ годините. Стефановски изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија.
– Се разбира, колекцијата е далеку поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња, изјави Стефановски.
Од утре до 7 септември ќе се одржува 5. Скопје синема сити на кој во Кинотеката ќе бидат прикажани десет музички документарци. Фестивалот го организира здружението Номад-арт од Скопје, а во фокусот се филмови во кои „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент.
Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми