Изложба на Решат Амети во музејот „Мимара“ во Загреб
Во музејот „Мимара“ во Загреб денеска ќе биде отворена изложба на проф. Решат Амети насловена „Во потрага по светлината“, која во хрватската престолнина ќе остане до 22 октомври. Изложбата ќе претстави три заокружени циклуси на дела создадени во последните десетина години: „Од традицијата“, „Лирска геометрија“ и „Дијалог“.
Историчарката на уметност Ива Керблер по повод изложбата во каталогот пишува дека Амети е еден од оние сликари на кои сликарството им е авантура, страст и експеримент, кој своето истражување го насочува кон нови можности на сликата и тоа го прави со нему својствена леснотија.
- Него не го интересира површинскиот, декоративниот ефект на сликата, тој навлегува подлабоко, во сложеното напластување во артикулацијата на сликата, градејќи ја композицијата која произлегува од неговиот спонтан манир на сликање, при што вградува силна арматура во сликата, и тоа без разлика дали се работи кога тој меко ги нанесува пигментите на платното. Во неговите слики гледачот препознава еден имагинарен пејзаж и тој истовремено е и земен и небесен..., пишува Керблер.
Решат Амети (Гостивар, 1964) дипломирал на Факултетот на ликовна уметност во Скопје, во класата на Ана Темкова. Сега работи како професор по сликарство на Државниот универзитет во Тетово. Амети имал самостојни изложби, учествувал на над 200 групни меѓународни и домашни изложби и е добитник на голем број награди.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница