-->
-->
Изложба на дела од корисниците во дневните центри „Порака“
-->
На Факултетот за ликовна уметност, во Сули ан во Старата скопска чаршија, денеска напладне ќе биде отворена изложба на графики изработени од корисниците на дневните центри „Порака“ Скопје, со поддршка на студенти и професори од ФЛУ.
Изложбата е насловена „Ликот на нашиот свет“ и ќе биде отворена дo 13 мај. Ја организираат Факултетот за ликовна уметност - отсек графика, и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
- Целта на изложбата е да се презентираат и да се истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост. Тоа воедно придонесува и за директно влијание во разбивањето на предрасудите што постојано ги следат овие лица, соопштија организаторите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“