Изложба на дела од архитект Билјана Филиповска во Музеј на Град Скопје
Музејот на Град Скопје вечер ќе отвори изложба - ретроспективен пресек на архитектонското и дизајнерско творештво на архитектката Билјана Филиповска.
- Во изминатите 40 години нејзиното творештво брои голем број проекти, од кои 30-ина се позначајни, а повеќето од нив се и реализирани. На изложбата, преку дизајнирани паноа, ќе биде презентиран избор на најзначајни проекти и реализирани објекти со кои Филиповска самостојно или со соработници во тим оставила значаен белег на македонската архитектонска сцена, информира Музеј на Град Скопје.
Aрхитект Билјана Филиповска (Скопје, 1949) дипломирала во 1974 на Архитектонскиот факултет во Љубљана во архитектонското студио на проф. Нико Краљ. По дипломирањето се вратила во Македонија и работела во Пелагонијапроект на низа проекти за објекти со различна намена - спортски, јавни објекти, објекти за домување и на други интервенции во просторот.
Во почетокот на кариерата се занимавала и со графички дизајн, така што работела на плакати во Драмскиот театар Скопје и во Кумановскиот народен театар. Автор е и на првата дизајнирана влезница во Драмскиот театар која ги замени популарните талончиња.
Добитник е на повеќе награди и признанија за архитектура, меѓу кои и на годишната награда за архитектура на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за објектот Сектрон 2013.
Изложбата во Музеј ан Град Скопје ќе биде отворена до 28 февруари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето