Македонија
2. November 2025 - 17:56

Излезеноста во Пробиштип до 17 часот 61,25 отсто

Мирно и без проблеми се одвива гласањето вo Општина Пробиштип. Според претседателот на Општинската изборна комисија, Јорданчо Димитриев, не се пристигнати претставки за какви било нарушувања на изборниот процес.

Во текот на денот најголема излезеност бележи Пробиштип со 61,25 отсто од вкупниот број избирачи до 17 часот или во петтиот пресек на одѕивот на гласање излегле пет проценти повеќе гласачи од првиот изборен круг.

Во источна Македонија се гласа во шест општини. Најмала излезеност има во Кочани, а во останатите општини излезеноста во 17 часот е над 45 отсто од вкупниот број избирачи.