Оставки во СДСМ по локалните избори – Филипче не се повлекува
По само 6 освоени градоналнички места на локалните избори, се нижат оставки во редовите на СДСМ.
Поради лошите изборни резултати и начинот на кој изминатиот период се раководи со партијата, одопштинската оранизација на СДСМ во Ѓорче Петров, неотповиклива оставка поднесе Костадин Ацевски, кој и беше кандидат за градоначалник. Во снимена видео порака Ацески повика на одговорност и оставки од Филипче и целото раководство.
Претходно и Ана Чупеска поднесе оставка од потпретседателската позиција во СДСМ. Во разговор за Сител, не сакаше да ги коментира изборните резултати и мотивите за оставката.
За сите работи што се случуваат треба да се разговара внатре во ораганите на партијата а не на медиуми и во тој контекст јас ќе ја образложам детално мојата оставка согласно статутот на партијата, на седницата на ЦО на партијата, па дури потоа ќе давам изјави за јавност.
По првиот изборен круг од скопската градска организација замина и Ѓорѓи Галетановски. Неговата оставка веќе била депонирана во партиската архива.
Никогаш не сум имал потреба да се правдам, но должност ми е јавноста медиумите и другарите да знаат дека Чомбе никогаш не молел да биде претседател на Градската организација на СДСМ, ниту да биде кандидат за советник. Функциите му биле понудени и тој ги прифатил со чувство на одговорност. Минатата недела после првиот круг, до архивата на партијата, поднесе оставка — без патетика, без театар за внимание, туку исклучиво од лични и морални причини…Чомбе не беше кандидат за Скопје, носител на листа, шеф на штаб и се повлече од функцијата НЕ од партија. Функциите не се вечни, но вредностите и пријателствата се.
Филипче пак не размислува за оставка и повлекување од партијата. По преброените гласови и прогласена победа во Центар, Македонска Каменица, Зрновци, Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
Славеничката атмосфера во изборните штабови на канидатите на СДСМ синоќа беше реткост. Победата во Центар ја прослави Горан Герасимовски, кој доби доверба за втор мандат.
Најдобриот резултат на СДСМ кој го имале на локални избори во 2017- со 57 освоени мандати, а полоша состојба од моменталната имаа на изборите во 2013-та со само 4 градоначалници.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
