Изградбата на „Турски поток“ ќе почне во 2017 година

Турција ги издаде сите потребни дозволи за изградба на „Турски поток“, соопшти денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак, напоменувајќи дека работите за поставувањето на цевките на гасоводот ќе почнат во 2017 година.
- Се предвидува изградбата да биде завршена кон крајот на 2019 година. Сега се вршат подготвителните активности. Прво задолжителните работи, техничко-економските обврски и проектно-законската документација, а потоа ќе започне изградбата на гасоводот во 2017 година, објасни Новак.
Како што јави ТАСС, Новак потсети дека руско-турскиот Меѓувладин договор за изградба на гасоводот беше потпишан на 10 октомври и дека тој ги определува условите за реализација на проектот.
- Големината на попустот во цената на рускиот гас за потрошувачите во Турција ќе биде определен во преговорите, истакна Новак и дополни дека тоа не е поврзано со потпишувањето на меѓувладиниот договор.
Претседателот на Русија Владимир Путин при посетата во Турција изјави дека „Газпром“ ќе направи отстапка од цената на горивото за Турција.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
