Изгледаат како куќички за кукли всушност кријат морбидна тајна
Во градот Елктун на Алјаска можете да наидете на несекојдневна глетка: парк прекриен со куќички за кукли во јаки бои. Барем делуваат како куќи за кукли...
Сепак ако подобро погледнете ќе сфатите дека овие куќички дефинитивно не се за деца. Што всушност се крие под овие шарени градби ќе ве шокира.
Над 100 шарени минијатурни куќи кои стојат една покрај друга во овој мал град се наоѓаат во дворот на православната црква Свети Никола.
Можеби делуваат како играчки, а всушност се необични обележја за гробови и се нарекуваат „куќи на духови“.
Според единствената традиција на оваа црква, телото на починатото лице прво се погребува со ќебе за да им се помогне на душите при преминот во светот на духовите.
40 дена подоцна, блиските лица и семејството ги ставаат овие куќички преку ќебето, фарбајќи ги потоа во бои кои ја претставуваат историјата на семејството.
Овој необичен ритуал е резултат на две култури кои со тек на времето со соединиле. Земјата околу овој град прво ја населиле Атабаскан Индијанците, но подоцна тие потпаднале под влијание на руските мисионери околу 1800 година кога е соѕидана и црквата Свети Никола.
Како што налага Атабаскан традицијата: се што е земено од земјата мора да биде вратено, па куќичките се оставени за да се распаднат со тек на време и да се апсорбираат во земјата.
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“