Живот
29. March 2025 - 13:41

Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај

На официјалниот евровизиски „Јутјуб“ - канал објавен е редоследот на настапите на земјите - учеснички на големиот музички натпревар.

Првото полуфинале на 13 мај ќе го отвори Исланд, а ќе го затвори Кипар.

Второто полуфинале на 15 мај ќе го отвори Австралија, а ќе заврши со настапот на Финска.

На 69. издание на „Евровизија“ во Базел, Швајцарија, ќе учествуваат 37 држави. Големото финале ќе се одржи на 17 мај.

Според обложувалниците на интернет, најголеми шанси за победа имаат претставниците на Шведска и Австрија.