-->
-->
Изгаснат пожарот во пробиштипскиот регион
-->

Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов за МИА вели дека во пожарот, што почна од вчера попладне, изгореа големи површини во атарите на неколку пробиштипски села.
– Пожарникарите, резервниот состав, вработените во комуналното претпријатие, пожарникарите од Свети Николе, но и месното население од Петришино и Стрисовци беа вклучени во гаснењето на пожарот до 4 часот утринава. Месното население со механизација се вклучи и не се дозволи огнот да се приближи до селата. Проблеми правеше и ветерот, вели Анастасов.
Тој истакна дека утринава од од 7 до 10.30 часот пожарникарите и резервниот состав ги гаснеле жариштата кај селата Дренек и Зарапинци.
Надлежните дополнително ќе утврдуваат колкава површина е изгорена во пробиштипскиот регион, а се претпоставува дека и во овој случај пожарот е намерно предизвикан од несовесен граѓанин.в
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини