-->
-->
Изгаснат пожарот над штипското село Драгоево
-->
Изгаснат е пожарот на планината Серта над штипското село Драгоево, потврди за МИА командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов.
Мештаните го пријавија вчера околу 12 часот, а гореше смрека, сува трева и ниско стеблести растенија. Теренот беше непристапен за пожарникарите и за вработените во ЈП Национални шуми, цел ден и цела ноќ го надгледуваа ридот каде што гореше и тлееше.
Пожарникарската екипа во моментов се враќа од терен. Во текот на вчерашниот ден пожарникарите забележаа и ги фотографираа трагите од мотор, кој можел да пристапи кон високиот рид на планината Серта. Овој пожар ќе биде предмет на истрага и за полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево