Преглед на вестите од светот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи за планираната средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта. Оваа негова порака е по телефонскиот разговор Трамп - Путин, одржан вчера. Но, Путин искажал загриженост од можноста за испраќање крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина ќе го загрози мировниот процес и ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон. Тој ја предводи високата украинска делегација, а денеска ќе има средба со претседателот на САД.
Прекини на електричната енергија се воведени низ цела Украина неколку дена поради штети предизвикани од руските напади врз инфраструктурата на земјата. Ограничувања на потрошувачката на енергија за индустриските потрошувачи веќе се воведени низ целата земја. Русија неодамна ги засили нападите врз електричната мрежа на Украина како што се приближува зимата.
Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и итна помош, Том Флечер, во текот на вчершаниот ден ги надгледуваше десетици камиони со помош што ја преминуваа границата Рафа во Египет во Керем Шалом. Залихите од Египет сè уште ќе треба да се проверат на израелската страна од Керем Шалом пред да им се дозволи влез во Газа. Преминот Рафа на Газа со Египет веројатно ќе биде повторно отворен во недела според израелскиот министер за надворешни работи. Се очекува бројот на камиони за помош да се зголеми на околу 600 камиони дневно, заедно со поголемо египетско вклучување, особено преку преминот Рафа
Хамас пак во четврток соопшти дека за преземањето на преостанатите тела е потребна опрема за отстранување на урнатините, која во моментов не е достапна поради забраната од страна Израел за влез на такви апарати. Трамп се закани дека САД ќе „убијат“ членови на Хамас ако групата продолжи да убива цивили во Газа, објави американскиот претседател на социјалната мрежа. Пораката доаѓа по извештаите за судири меѓу борците на Хамас и милициите во Газа откако израелските сили делумно се повлекоа, и по размената на заложници и затвореници во понеделникот.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар