-->
-->
Изгаснат пожарот кај Теферич
-->
Целосно е изгаснат пожарот што вечерва зафати дел од Водно кај локалитетот Теферич.
Како што информира командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, опожарени се сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни површина. Причината за пожарот е најверојатно човечки фактор.
- Реагиравме веднаш по добиената дојава за пожарот. Во гаснењето беа вклучени седум противпожарни возила со 15 пожарникари, изјави Менковски.
На терен, додаде, останува да дежура екипа со едно возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реакции во Србија по вчерашниот голем протест во Белград против ископ на литиум
-
Стартува 33 прволигашка сезона во македонскиот фудбал
-
Киев: Упадот на руска територија има за цел да ја дестабилизира Москва
-
Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено
-
Израелскиот министер Бен-Гвир повика на трајна окупација на Појасот Газа
-
Вучиќ: Протестот помина во демократска атмосфера, блокадите беа насилнички, ќе одам да разговарам со народот
-
Ангелов: Седум активни пожари, пет ставени под контрола, 31 изгаснати
-
Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса