Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
-Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излезе на лице место и со осум возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6 часот, наведува ДЗС за пожарот кој избувнал над Стаклара во местото наречено Каменик.
ДЗС посочи дека се работи за „тежок пожар“ затоа што во сервисот за возила имало повеќе автомобили, масло и други запалливи предмети. Како што наведе, благодарение на присебната реакција на новинарката на ТВ 24 Енџи Николоска, која живее во близина и го пријавила пожарот, била спречена поголема катастрофа.
Николоска за МИА изјави дека се слушнал звук како пукање и кога видела дека се работи за пожар и од каде пламнал веднаш пријавила.
-Откако пријавив, имаше брза реакција и од пожарникарите, кои дојдоа со возилата, имаше и полиција, беше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Дојде и Брза помош, но за среќа нема повредени, има само материјална штета. Пожарот сега е изгаснат, рече Николоска.
МИА
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип