Издадени нови 1.871 потврди за намера за поднесување барање за азил
Министерството за внатрешни работи изминатите 24 часа им издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.871 странски државјани.
Од нив 1.273 се од машки пол, 188 од женски, 334 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -1.089, Авганистан - 333, Ирак - 187, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до 17 септември годинава во 8 часот издадени се потврди на вкупно 81.649 странски државјани. Од нив 54.484 се од машки пол, 11.156 од женски, 13.542 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.467 деца кои патуваат без родител на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-65.393, Авганистан-5.856, Ирак-3.994, Пакистан-2.322, Палестина-904, Сомалија-621, Бангладеж-547, Конго-357, Иран-319, Нигерија-220, Камерун-164 Еритреја-159, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број.
Изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од почнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од нив 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 16 септември годинава евидентирани се четворица баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст на странските државјани им делат вода, пакети со храна, пакети за лична хигиена, ќебиња и им овозможуваат медицински интервенции.
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит