Македонија
27. February 2025 - 16:49

Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома

Само потписот на Претседателката Сиљановска недостига на повратните карти за вкупно 8 амбасадори за кои МНР утврдило дека треба да се вратат дома пред да им заврши мандатот.

„Преку официјалниот интерен комуникациски систем, досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува Претседателот да ги потпише указите за нивно отповикување“ – се вели во соопштението на МНР

Од Претседателскиот кабинет денеска не сакаа да излезат со коментар бидејќи како што велат, станува збор за постапка која е класифицирана. Сличен одговор вчера во Тема на денот имаше и Претседателката.

Според информациите кои подолг период кружат во јавноста, а извори во МНР неофицијално ги потврдуваат отповикувањето следи бидејќи амбасадорите не ги претставиле своите тези во Собранието пред да заминат во мисија. 

Дома се враќаат амбасадорите од Брисел, Лондон, Подгорица, Прага, Сараево, Софија и Стокхолм како и амбасадорот во ОБСЕ. Деветтиот на списокот, екс амбасадорот во Романија, тврди дека цели шест месеци е во Македонија. За него Сиљановска веќе го потпиша указот.  Обвинува за партизација на дипломатијата

Неодамна оставка од амбасадорската позиција во Обединетите нации си поднесе Љубомир Фрчковски откако беше обвинет за злоупотреба на државни пари. Во постапка е и случајот на амбасадорот во Италија Весел Мемеди бидејќи без никој да му каже, побара Рим да не ни ги признава пасошите со старото име. 

Претходно Претседателката во Македонија врати уште 7 амбасадори на кои им беше истечен мандатот.