-->
-->
Избран градот домаќин на Евросонгот 2016
-->
Шведскиот главен град Стокхолм е избран за домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2016 година, соопштија организаторите на манифестацијата.
За организација на Евросонгот конкурурале неколку шведски градови, но таа част му припадна на главниот град на Шведска.
Натпреварот за Избор на песна за Евровизија 2016 ќе се одржи во салата „Ериксон Глоуб“, која може да прими меѓу 14 и 16 илјади гледачи. Во истата сала се одржа и Евросонгот во 2000 година.
Двете плуфинални вечери на следната Евровизија ќе се одржат на 10 и 12 мај, а финалето на 14 мај.
Шведска стана домаќин на Еврооснгот во 2016 година, откако годинава на Изборот на песна на Евровизија во Виена победи шведскиот претставник Манс Зелмерлоу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок