Иванов: Трпението на граѓаните е при крај, договореното мора да се почитува
Обврска на политичките лидери е тоа што го договориле и роковите што ги поставиле да ги почитуваат, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ги последните случувања поврзани со политичката криза.
- Нашите политички лидери се согласиле да постигнат договор и го потпишале. Со тоа што го потпишале, презеле обврска да го извршат. Така што, нивна обврска е сето тоа што го презеле, и роковите кои што ги поставиле, да ги почитуваат. За жал, како одминува времето и како се пробиваат роковите и не се исполнуваат преземените обврски, ни се усложнува состојбата. Предолго трае оваа криза во државата и навистина секој треба да биде одговорен и да ја сноси својата одговорност, затоа што решенијата се одлoжуваат, рече претседателот Иванов при посета на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија.
Претседателот побара одговорност од вклучените страни во разговорите, бидејќи, како што рече, трпението на населението е при крај.
- Уште еднаш ги повикувам сите вклучени во целиот овој процес, да постапуваат онака како што се договориле, затоа што трпението на населението е веќе при крај. Сето тоа влијае и на бизнисот, влијае и на планирањата, влијае на тоа што луѓето го замислиле да го остварат во својот живот. Неопходна е многу поголема одговорност на сите што се вклучени во целиот процес, изјави претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Штипјанец и гевгеличанка лишени од слобода поради дрога
-
Анкета на ИПИС: Мицкоски најпопуларен политичар, граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната
-
ЦУК: Прв координативен состанок за справување со змии
-
ДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива
-
Претрес во Тетово, приведен дилер
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ