Иванов: Мора да се стави крај на политичката криза
Конечно треба да се стави крај на политичката криза, за да имаме влада со целосен политички легитимитет и институции кои ќе можат да се справат со безбедносните предизвици кои ја очекуваат Република Македонија, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, запрашан за став околу политичката криза и вчерашниот договор кој го постигнаа лидерите на политичките партии.
Претседателот Иванов, одговарајќи на новинарско преашање при денешната посета на Кратово, изрази незадоволство од, како што рече, неодговорното однесување на поединци и политички партии кои само ја усложнуваат состојбата во Република Македонија, како и од нивното отсуство на чувство за државност во моменти кога како држава, регион, па и Европа, се соочуваме со бегалска и мигрантска криза.
- Се соочуваме со бегалска и мигрантска криза која носи безбедносни ризици и недозволиво е такво однесување на тие што се нафатиле да бидат во политика. Политиката бара и одговорно однесување на секој поединец и на секој што е вклучен во носењето одлуки од интерес за сите граѓани, изјави македонскиот претседател и додаде дека граѓаните не можат да бидат заложници на нечии фрустрации и на деструктивно однесување.
Македонскиот претседател предупреди дека не очекува уште поголем бран на бегалци и дека е неопходно институциите да се посветат на справување со безбедносните предизвици и да нудат решенија, а не дополнително да ги комплицираат состојбите.
- Нашите институции наместо да се преокупирани со тие безбедносни ризици и прашања, ние се трошиме во меѓусебни расправии, деструктивно однесување и дури, дозволете ми да кажам, гнасно однесување на поединци кои го злоупотребуваат она што им го дале граѓаните и ги избрале на функции, изјави претседателот Иванов.
Иванов порача дека политичката криза во државата негативно влијае не само на граѓаните и на меѓучовечките односи, туку и на стопанството и на бизнис климата.
Ново на Сител
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот