Македонија
9. јуни 2025 - 19:58

Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт

За прв пат во Прилеп, а втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт, која што е доста специфичен медицински зафат со вградување на имплант на местото на фрактурата. 37 годишниот прилепчанец кај кого била направена операцијата се чувствува добро и за неколку денови се очекува да биде пуштен дома. Операцијата ја изведе д-р Кире Јоноски од Прилеп и д-р Игор Мерџаноски од клиниката за трауматологија од Скопје.

„Со ова сакаме да почнеме со нови процедури, да имаме децентрализација на медицинските процедури кои се вршеа претходно во Скопје, да ги вршиме и во нашата болница“, изјави д-р Кире Јоноски, ортопед и директор на општа болница Прилеп.

Идејата во иднина да се започне со многу поголема децентрализација на сите вакви операции низ градовите од Македонија, пациентите да не патуваат до Скопје, каде и онака е преблокиран со работа Клиничкиот центар.

„Децентрализацијата значи дека сите пациенти треба да се лекуваат во своите градови, да се лекуваат дома, да не мора да патуваат и да се изложуваат на трошоци, така да дел од тимовите од клиниката за трауматологија, ортопедија, интензивно лекување и ургентниот центар. направивме план и програма која полека ја остваруваме“, рече д-р Игор Мерџаноски, Клиника за трауматологија Скопје.

Наредната недела во Прилеп за прв пат ќе се изведе и операција на рбетен столб.