Истекува рокот медиумите да достават ценовници за платено политичко рекламирање
На полноќ истекува рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.
Печатените медиуми и интернет-порталите се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.
Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.
До 19 февруари на полноќ медиумите што сакаа да објавуваат платена политичка програма требаше да се регистрираат во ДИК. Од Комисијата информираат дека е голем бројот на медиумите што доставиле барање за регистрација до нив, и дека дополнително ќе биде објавена нивната бројка.
ДИК, според последните измени на Изборниот законик, на веб-страницата објави просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на медиумите во последните пет изборни циклуси.
Истовремено тече рокот и за пријава и увид во Избирачкиот список на македонски државјани на привремена работа или кои живеат во странство.
Ново на Сител
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки