Исплатени 391 милион денари субвенции за овоштарството
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР) денеска на 9.545 лица им исплати 391 милиони 455 илјади денари за субвенции за одржување овошни насади.
Корисници на оваа поддршка се производители на јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.
Директорот на Агенцијата Николче Бабовски информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и кои законски се стекнале со правото на оваа поддршка.
Од Агенцијата информираат дека заклучно со денешната исплата за овоштарство, исплатени се 1.622.170.858 денари за полједелците, за лозарите и за градинарите.
– Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта. Оваа Влада од почеток на мандатот до денеска исплати финансиска поддршка од 364 милиони евра за развој на агро – секторот, наведуваат од АФПЗР.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци