Македонија
25. September 2024 - 13:25

Исчезнале тројца Непалци кои работеле во охридски хотел

Вчера во 09.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека 29-годишниот С.С., 22-годишниот Д.С. и 20-годишниот Н.К., сите од Непал, го напуштиле хотелот каде биле сместени и биле вработени, извести СВР Охрид.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.