Вирусите почнаа да ги полнат болниците
Со белодробни наоди и бронхоопструкции дури 60 деца во моментот се хоспитализирани во Клиниката Козле. Едно од нив има и потреба од кислородна поддршка поради потешката клиничка слика. Педијатрите велат дека почнува сезоната на вирусите со веќе полни амбуланти и голем број на болни деца. Од стомачни вируси до пневмонија се патологиите што секојдевно ги има во ординациите. За 24 часа имаат и до 150 прегледи.
-Тоа е веќе бројка што е посериозна, која што дава аларм дека инфекциите почнаа да се шират. Веројатно затоа што децата се вратија во училишните клупи, децата влегоа во градинките се затворија прозорците и тука има многу контакти и ширење на инфекциите, вели Прим. Спец. Д-р Мирјана Поповска педијатар во клиника Козле.
Педијатрите алармираат дека овој период има и атипични пневмонии предизвикани од кламидија или микоплазма и се најчести кај деца меѓу 6 и 12 години. Карактеристично за овие случаи е што не реагираат на антибиотиците што болните ги добиваат амбулантски.
-Може клиничката слика кај едно дете на почеток да наликува како обична настинка, како обичен грип и детето да има замор, треска, препотување. И се јавува една кашлица што е сува, измачувачка и да трае долг период, да кашла 1 месец. И се лекуваат амбулантски со цефалоспорини но тие предизвикувачи не реагираат на тој тип анибиотик, вели д-р Поповска.
Покрај респираторните инфекции, децата се на удат и од заразата со голема кашлица која се уште е актуелна и мали деца завршуваат во болница. И по 7 месеци од прогласената епидемија во Скопје, остана бројката од околу 10 000 деца кои се нецелосно имунизирани со ДиТеПер а тоа придонесува секојдненво д аима по некој случај на заразен со пертусис.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар