-->
-->
Иран испрати капсула со животни во вселената
-->
Иран денеска објави дека испратил капсула со животни во вселената, како подготовка за мисии со екипаж во наредните години.
Според АП, иранскиот министер за телекомуникации Иса Зарепур изјавил дека капсулата, тешка 500 килограми, била лансирана на 130 километри во орбитата.
Целта на Иран е да ги испрати своите астронаути во вселената во наредните години, според извештајот на официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Зарепур не откри за кои животни станува збор.
Иран повремено најавува успешно лансирање на сателити и други вселенски летала.
Иран во септември објави дека испратил сателит за собирање податоци во вселената, додека во 2013 година објави дека лансирал и успешно вратил на земјата ракета со мајмун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски