Информативни центри за превенција на СВР Штип во општините Чешиново Облешево и Зрновци
Отсекот за превенција при СВР Штип денеска отвори Информативни центри за превенција во општините Чешиново Облешево и Зрновци.
Целта е, појаснуваат надлежните од СВР Штип, со отворените канцеларии меѓу другото да се зголеми чувството на сигурност кај граѓаните и да се постигне уште поголема доверба кон полицијата.
- Канцеларијата за превенција иако ќе работи еднаш во неделата, со самото присуство на полициски службеник ќе се придонесе да се врати довербата на граѓаните кон полицијата, истакна при отварањето на канцеларијата Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.
Инаку, полицијата, локалната самоуправа и граѓаните ќе имаат заедничка координација и соработка во изнаоѓањето решенија за локалните безбедносни проблеми.
Информативните канцеларии за превенција се сместени во просториите на Локалната самоуправа.
Во Општина Чешиново Облешево канцеларијата ќе работи во вторник, а во општина Зрновци во петок од 9 до 15 часот.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз