Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот

Вработен како инспектор во Град Скопје, вчера во 10:30 часот пријавил во полиција дека на улица „2“ без број во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење надзор и подигање на мостри, дошле две лица. Според пријавата, едно од лицата било К.Д., градоначалник на Шуто Оризари, кој почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри.
Како што се наведува во денешниот МВР-билтен, вчера попладне во 13:10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари пријава поднел и К.Д. (50) од Скопје, градоначалник на Шуто Оризари.
Тој пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во Град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С. (47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
