ИД ја презеде одговорноста за нападот во центарот во Багдад, во кој има 18 загинати
Исламска држава ја презеде одговорноста за експлозијата на бомба, што беше подметната во автомобил пред еденг шопинг центар во Багдад, во која погинаа најмалку 18 лица, а 50 се повредени.
Напаѓачите потоа упаднале во самиот центар, но ирачките безбедносни сили ги совладале.
Ирачките сили, меѓутоа, набрзо ја опколиле зградата и на покривот од центарот ги спуштиле припадниците на силите за безбедност. Тие се судриле со напаѓачите, убивајќи двајца и приведувајќи уште четворица напаѓачи.
Полицијата соопшти дека судирот е завршен, пренесуваат американските медиуми.
Во нападот што траеше околу 1,5 час убиени се најмалку четворица полицајци, за американските медиуми изјавија полициски и лекарски извори, кои побараа анонимност бидејќи не биле овластени да разговараат со новинарите.
Вечерва, исто така, пет лица се убиени, а 12 ранети во експлозија на бомба на пазар во југоисточниот дел на Багдад, додека претходно во текот на денот во близина на ресторан во Бакуба, на 65 килиметри североисточно од Багдад, беа убиени три, а ранети уште осум лица, пренесоа светските агенции. И за овој напад одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава.
Ново на Сител
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра