И во Велес првото бебе е женско
На Гинеколошко – акушерското одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес вчера попладне во 16:55 минути се роди првото бебе во Новата 2018 година. Тоа е женско и е четврто дете на родилката Алиова Наиме од Горно Јаболчиште.
Породувањето го водела специјалист гениколог акушер доктор Соња Димова, со тимот акушерки и сестри.
Според информацијата од тимот кој ја породувал жената, бебето се родило по природен пат, а и бебето и мајката се во добра здраствена состојба. Бебето е тешко два килограми и 960 грама и долго 50 сантиметри.
На родилката ова и е прво женско дете, а таа досега родила три сина кои имаат шест, четири и три години.
Во 2017 година велешката општа болница се родиле 649 бебиња што е помалку за две споредено со 2016 година кога се родило 651 бебе.
За евиденција во 2015 се родиле најмногу или 815, во 2014-739, во 2013-749, во 2012-789 и во 2011 -720 бебиња. За споредба пред дваесетина години во велешката Општа болница се раѓаа и по илјада бебиња годишно.
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции