Македонија
25. October 2025 - 12:16

Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во Кавадарци

Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди (КСРИ) од Кавадарци се одржува денеска во кавадаречкиот спортски комплекс „Јасмин“.

На турнирот, како што појасни Николчо Делов - претседател на КСРИ, покрај нивни членови, учествуваат и претставници на регионалниот еколошки центар „Еко - живот“ и „Лијонс клуб - Тиквеш“.

- Овој турнир е една од многубројните активности што ги организираме со цел подигнување на јавната свест за постоењето и прифаќањето на различностите, истакна Делов. 

Тој додаде дека соработката на полето на инклузијата со овие и други субјекти, ќе продолжи и во иднина. Затоа што, како што нагласи, сите луѓе се исти и не треба да се делат по каква било основа.

Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, го прогласи турнирот за отворен.

 

МИА