Хојт Ји на средба со со премиерот за спроведување на изборите Димитриев
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави, кој од вчера е во посета на Македонија.
На средбата се поздравени билатералните односи меѓу двете земји кои се базирани на стратешко партнерство и соработка во сите сфери од взаемен интерес.
Владината прес-служба соопшти дека е разговарано за реформите што ги спроведува Владата, за политичката состојба во земјата, предизвиците во врска со мигрантската криза и интеграцијата на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.
- Двете страни ја истакнаа заложбата за организирање фер, кредибилни и демократски избори. Соговорниците дадоа силна поддршка на активностите кои ги презема Државната изборна комисија во врска со прочистувањето на избирачкиот список за изборите на 5 јуни, при што премиерот за спроведување на изборите Димитриев истакна дека постои соодветно време за спроведување на прочистувањето на избирачкиот список и посочи дека Владата ги реализира сите потреби на ДИК и е подготвена за комплетна поддршка на оваа активност врз основа на барањата на ДИК, се наведува во соопштението.
Соговорниците ја истакнале значајноста на активностите на Владата во врска со реализацијата на правото на глас, за што Димитриев веќе има испратено изјава и инструкција до сите носители на државни и јавни функции за превенција од влијание на кој било субјект при слободното одлучување на граѓаните на изборите.
Во врска со мигрантската криза и начините за нејзино менаџирање соговорниците констатирале дека е потребен заеднички и координиран одговор на целата меѓународна заедница.
Двете страни ја потврдиле стратешката определба на Република Македонија за интеграција во НАТО и во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар
-
Стручна комисија го испитува случајот со смртта на седумгодишното девојче во тетовската болница
-
Тошковски демантира дека убиената Росица барала помош преку СМС пораки од него
-
Ќе има одговорност за несобраното ѓубре во Скопје, кажа Мицкоски
-
Затворен Факултетот за бизнис и економија: МОН утврдило низа неправилности