„Харли Дејвидсон“ казнет поради преголемо загадување на воздухот
Американската компанија „Харли Дејвидсон“ е казнета со 12 милиони долари, откако беше обвинета дека нејзините мотоцикли го загадуваат воздухот повеќе отколку што е тоа законски дозволено.
Со одлука на Министерството за правда на САД, на овој производител на култните и популарни мотоцикли, му е забрането во иднина да ја продава дополнителната опрема со која се зголемува моќноста на мотоциклите, но и емисијата на штетните гасови.
Според американските власти, „Харли Дејвидсон“ од 2008 година, па до сега, има продадено околу 340 илјади мотоцикли од ваква опрема.
Во своето соопштение за јавноста, компанијата ги отфрла обвинувањата околу дополнителната опрема.
„Харли Дејвидсон“ тврди дека станува збор за опрема наменета за мотоциклите кога се употребуваат надвор од патиштата, како и за специјални натпреварувања на „ограничен простор“.
Сепак, компанијата е задоволна од спогодбата што ја направи со Министерството за правда, иако ќе мора дополнително да плати уште три милиони долари за реализација на некој локален еколошки проект.
Американската агенција за заштита на животната средина ја тужеше компанијата „Харли Дејвидсон“ за прекршување на одредбите на Законот за чист воздух.
Министерството за правда на САД ја засили контролата врз компаниите-потенцијални загадувачи, по откривањето на скандалот со автомобилите на германската компанија „Фолксваген“.
Ново на Сител
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот