Густа магла го блокира воздушниот и патниот сообраќај
Густата магла, што зафати делови од Англија и Велс, предизвика блокада во воздушниот и патниот сообраќај, како и големи нарушувања во возниот ред на летови од лондонските аеродроми.
Голем број летови предвидени во текот на ноќта и во раните утрински часови се откажани или одложени за неопределено време.
Управата на најголемиот лондонски и британски аеродром Хитроу ги советува патниците да не тргнуваат кон аеродромот пред да се информираат за својот лет и за тоа дали аеродромот е отворен за сообраќај.
На вториот по големи аеродром Гетвик видливоста претпладнево е сведена на само 50 метри, или и помалку, па управата оцени дека аеродормот не е во можност да се користи ниту за слетување, но ниту за полетување на авионите.
Метеоролозите најавуваат дека маглата се очекува да се подигне во попладневните часови, но дека се очекува да се појави во текот на ноќта и утре.
Магла има и низ другите делови на Западна Европа, па метеоролошките прогнози предупредуваат дека ваквото време, со магла, ниски облаци и „сиви“ денови се очекува да потрае и во текот на следната недела.
Тоа создава нервоза кај патниците кои се подготвуваат да отпатуваат во текот на католичкиот Божик и за божиќните и новогодишните празници, кои почнуваат веќе од петок, на 23 декември.
Ситуацијата пред празниците се компликува со најавните штрајкови на кабинскиот персонал на „Бритиш Ервејз“, како и на железничката компанија „Саут-Истерн“.
Проблеми со патниот сообраќај најмногу има во југосточна Англија и во делови од Велс.
Маглата е најгуста во областа Кент, каде смалената видливост претставува проблем за возачите на патиштата што водат кон морето и кон каналот Ламанш.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје