-->
-->
Груевски: Уште 10 дена до победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
-->

Уште десет дена до победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, уште десет дена до победата на Република Македонија. Кристално јасно е дека победник на наредните избори ќе биде ВМРО-ДМНЕ и Коалицијата за подобра Макеоднија. Ние ќе бидеме победници затоа што прав пат во оваа држава покажавме како треба една политичка партија да го следи пулсот на народот, да работи за народот и за граѓаните, да ги исполнува дадените ветуваења, истакна на вечерашниот митинг во Гостиват лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4, Никола Груевски.
-Прв пат се покажа дека некој може да ја намалува невработеноста и да отвора нови работни места за Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци, Роми, Власи..Ќе победиме и затоа што прв пат покажавме дека може многу поинаку една Влада да се постави кон македонскиот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и затоа што покажа и како треба да се надградува здравството, образованието, затоа што влегоа 2 милијарди 600 милиони евра странски директни инвестици, посочи Груевски.
Тој додаде дека довербата од граѓаните ќе ја добијат и поради обезбедување на поволни кредитини линии за бизнисмените во најтешко време, а со тоа спречување на отпуштања на вработените.
-Обезбедивме 350 милиони евра кредитна линија во неколку наврати и со тоа се овозможи да не се отпуштаат вработени од компании во најтешко време. Оваа политичка гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ отвори над 20 нови директни дестинации низ Европа. На 11 декември ќе ја добиеме довербата и заради односот кон пензионери, за зголемување на пензиите за 90 проценти на оние кои имаат минимална пензија и 70 проценти на просечната пензија. Поддршката ќе биде добиена затоа што минатите години 10 пати се намалија цените на лекови и годишно граѓаните заштедуваат 33 милиони евра кои остануваат во нивните џебови. Довербата ќе ни ја дадат и затоа што прв пат во историјата на Македонија се воведе минимална плата, која почна да расте, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети и за 70 процентното зголемување на социјалната помош и оствареното ветување дадено веднаш по послендите избори кога го реализираше проект за еднократен отпис на долговите при што отпишани беа долговите на 15.000 семејства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз