-->
-->
Груевски: Членството во НАТО и ЕУ се наша стратегиска определба
-->

Ние сме карактеристични по многу работи, особено по залагањето и трудот, по нашата посветеност и одговорен пристап. Многу значајно помеѓу сето тоа е една од нашите главни карактеристики а тоа е грижата, залагањето и бранењето на националниот и државен интерес.
Ова вечерва го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека секогаш во фокусот на владата е Република Македонија.
-Секогаш, секаде сме се залагале и ќе се залагаме за оваа врвна вредност, секогаш во нашиот фокус е државата, нашата држава Македонија. Она за што се бореле генерации и генерации да го зачуваме, да не го загрозиме и да го развиеме и предадеме сигурно на генерациите што следат. Членството во НАТО и ЕУ се наша стратегиска определба и покрај сите критики ние цврсто чекориме на тој пат и даваме резултати. Главен предизвик и фокус на ЕУ во моментот е мигрантската криза со чии последици и ние се справуваме, од друга страна ние продолжуваме и не отстапуваме од нашата реформска агенда за членство во Европската Унија и НАТО, тоа е важен процес на кој ние имплементираме мерки и закони, посочи Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани