Груби: Владата нема именувано генерален конзул во Њујорк
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците денеска изјави дека нема никаква одлука и Владата нема именувано генерален конзул во Њујорк.
– Нема никаква одлука, не е точна информацијата. Значи нема именувано генерален конзул во Њујорк, и си продолжува генералниот козул којшто е досега на задача во Њујорк.Така да, нема ништо вистина во тоа, рече Груби.
На новинарското прашање дали може да потврди дека предлогот за генерален конзул за САД кој беше предложен пред два дена денеска на затворена седница е повлечен, Груби рече дека е погрешна информацијата и ги упати новинарите на денешното објавено соопштение на Министерството за надворешни работи во врска со ова прашање.
– Не, грешка ви е информацијата. Значи, имате информација од МНР, си продолжува генералниот конзул којшто е именуван, не знам ни кое е лицето да ви кажам искрено коешто си ја врши работата, и ќе си продолжи да си ја врши работата и понатаму, рече Груби.
Претходно денеска Министерството за надворешни работи излезе со реакција во врска со објавите за испраќање конзул во Њујорк, во која велат дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев.
–Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР.
Од МНР потенцираат дека Панев е дипломат од кариера, кој е избран согласно сите законски прописи, а во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Среќен почеток на новата учебна година, Владата продолжува да инвестира во квалитетно образование
-
Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
-
Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
-
РСБСП: Да ги заштитиме децата во сообраќајот
-
Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан