Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица

Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени.
Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари.
Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција.
„Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.
MИА
Ново на Сител
-

Кај 22-годишник во „БМВ“ пронајдени три лица мигранти од Кина
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка во Битола, лишени од слобода две лица
-

Без вода делови од Чаир, Бутел и Студеничани
-

По 10 години притвор ослободен синот на поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи
-

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“
-

Премиерот Мицкоски во посета на фабриката КОСТАЛ Македонија
-

Трамп: САД соработуваат со Израел со цел да воспостави подобри односи со Сирија
-

Во Скопје 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста
